Македонија
7. December 2015 - 16:53

Специјализантите бараат измените да важат за сите

Чекор напред за подобрување на статусот на младите лекари во Македонија. Вака асоцијацијата на специјализанти гледа на предложените измени во законот за здравствена заштита со кој се предвидува минимална плата и кофинансирање на приватните специјализации како и задолжително вработување на дефицитарните специјалности.

- Задоволни сме што е направен чекор напред бидејќи до пред 1 година никој не знаеше дека има лекари што работат, а за тоа не земаат плата, изјави Д-р Ненад  Лазаров од асоцијација на специјализанти и млади лекари.

Од асоцијацијата на специјализанти велат дека предложените измени се иницирани од нивна страна и очекуваат во иднина да бидат решени и останатите проблеми со кои се соочуваат младите лекари.

Во меѓувреме група специјализанти од медицинскиот факултет бараат трајно решавање на нивниот статус.