Loading Video...
Фудбал
9. October 2018 - 19:01

Спироски: Да се победи Лихтенштајн па потоа на ред е Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација денеска стартуваше со подготовките за претстојните дуели со Лихтенштајн и Ерменија во Лигата на нациите што се играат на 13-ти и 16-ти октомври. 

Селекторот Игор Ангеловски се откажа од услугите на  Велковски поради повреда и го повика Зајков а од исти причини настапот го откажа и Иван Тричковски. 
Во нашиот табор се свесни дека победата против Лихтенштајн ги отвора ширум портите кон првото место во групата пред гостувањето на Ерменија.: „Сигурно очекувањата против Лихтенштајн се победа. Цела Македонија го очекува тоа. Имаме четири дена до мечот, доволно време да се спремиме. Мислам дека подготвени ќе влеземе во овој меч. Комплетно сме фокусирани на првиот меч за нас, потоа ќе мислиме на Ерменија. Имаме шест бода на првите два меча. Сакаме да бидеме први во групата“, изјави Спировски.