Сплит е домаќин на политичката елита од Јужна Европа

Денеска и утре Сплит ќе биде домаќин на состанокот на самитот на ЕУ MED9, еден вид „медитеранско собирање на редови“ пред клучните преговори за европскиот буџет, јави Хина. MED9 е неформална група што ги обединува деветте јужни членки на ЕУ – Хрватска, Словенија, Италија, Франција, Шпанија, Малта, Кипар, Грција и Португалија.
Хрватска претседава со тој формат оваа година, а пристигнувањата на сите лидери се потврдени во Сплит – меѓу нив се францускиот претседател Емануел Макрон, италијанската премиерка Џорџа Мелони и шпанскиот премиер Педро Санчез.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, пристигнуваат во вториот по големина хрватски град, како и принцот Алберт II од Монако, поканет поради неговата експертиза во областа на животната средина и особено заштитата на морскиот свет, и јорданскиот престолонаследник Ал Хусеин бин Абдула.
Тоа е најголемиот регионален формат во рамките на ЕУ – собира една третина од своите членки, кои сочинуваат 40 проценти од територијата, 41 процент од БДП и 45 проценти од населението на Европската Унија.
Состанокот ќе биде врв на хрватското претседателство, за време на кое се одржаа три состаноци на ниво на министри за надворешни работи и пет „секторски“ состаноци на министри. Целта на состанокот е, меѓу другото, да се усогласат ставовите на медитеранските земји на европско ниво пред Европскиот совет, кој ќе се одржи една недела подоцна. Владата нагласува дека датумот на состанокот MED9 бил „намерно темпиран“ за да биде блиску до состанокот на европските лидери во Брисел, јави Хина.
МИА
Ново на Сител
-

Министерот Андоновски на првиот академски час на „Еуропа Прима“ и одбележувањето на 20-годишниот јубилеј
-

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце
-

Студено утро, релативно топло преку ден
-

Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме
-

Русија одговори на заканите на Зеленски: Ќе напаѓаме уште посилно во Киев и другите градови
-

Зеленски: Украина е подготвена за технички преговори со САД и Русија
-

Татко и син убиени во лов во Норвешка, напаѓачот уапсен
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
