СПМ: Македонскиот идентитет и јазик се реалност, не треба да биде предмет на оценки и дебати
Социјалистичката партија на Македонија истакнува дека македонскиот идентитет и јазик се реалност, постојат со векови и тоа не треба да биде предмет на оценки и дебати кои некои сакаат деновиве да ги наметнат во европските институции.
Бугарската срамна стратегија со уцени и блокади да ги асимилира и потчиини Македонците нема никаква,можност да помине под било какви форми на притисок и закани. Целта на Бугарија е да го загрози и ограничи суверенитетот бидејќи прифаќањето на бугарските толкувања на историјата и идентитетот ги поткопува македонските национални интереси.
СПМ укажува дека борбата за македонските права мора да продолжи зошто од тоа зависи опстанокот на Македонската нација и држава. Меѓусебното почитување на државите се основ за меѓународна соработка. Ниту една Унија нема вредност ако сака да гази по идентитетските чувства, јазикот, историјата и културата на Македонија.
Европската Унија е во криза со сопствени проблеми и во фаза на милитаризација со што ги руши сопствените критериуми и вредности на кои е воспоставена. Со тоа ја губи реалноста и станува се помалку интересна кај граѓаните за зачленување.
СПМ Повторува дека влезот во ЕУ не може и не смее да биде по цена на губење на идентитетот, јазикот, историјата и културата на Македонија и за тоа државата и сите граѓани мора да се борат против бугарскиот историски ревизионизам, негирањето на македонското и принудно да се прифати бугарска верзија со цел да стане доминантна сила на Балканот и да ја ограничи македонската сувереност. Империјалните и фашизоидни идеи и блокади се со цел Бугарија да ја држи Македонија како заложник во преговорите за ЕУ, барајќи отстапки и целосоно да влијае во системот и во државаната политика на Македонија.
СПМ укажува дека државата Македонија треба да се подготвува и за еднострано укинување на протоколите, но и да презема акции за нови преговори за ревизија или неутрализирање на штетните делови од протоколите.
Со градење на нова стратегија и комбинација на дипломатски притисок, правни чекори и со поширока меѓународна поддршка би се градела долгорочна активна позиција на Македонија во меѓународни рамки.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-
Трамп „не е задоволен“ со Путин, разгледува нови санкции
-
ЦУК: Активни 11 пожари, еден под контрола
-
Потпишан договор за грант од 5,5 милиони евра за енергетска реконструкција на студентски домови
-
Најмалку осуммина повредени во невремето што попладнево го погоди Белград
-
ЕК за концертот на Томсон: Го осудуваме секој израз на фашизам, членките на ЕУ да го казнат говорот на омраза
-
Голема брзина над дозволената причина за несреќата во која загинаа Жота и Силва
-
Вардар и Алкалоид се двете македонски екипи во Лига Европа во ракомет
-
Владата прогласи кризна состојба од 30 дена поради пожарите