СПМ: Се трујат корисниците на тутун

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека свесно и со знаење на Министреството за земјоделство се трујат корисниците на тутун, со што се постапува спротивно на политиките на Рамковната конвенција за контрола на тутунот на Светската здравствена органицација во која и нашата држава е член од 2006 година.
Социјалистичката партија на Македонија претходно објави дека Правилникот за видот на штетните материи, како и начинот и методите за земање на примероци за утврдување на штетните материи и другите загадувачки контаминенти (физички, хемиски, и биолшки) во обранотениот тутун и производите од тутун е ставен вон сила уште од 14 фебруари 2024 година, укинат со Одлука на Уставниот суд, а до денес не е донесен нов или 15 дена МЗШВ и Директорот на Државниот Инспекторат за земјоделство не постапуваат по закон.
Отворено прашуваме, кој врши контрола на присуство на кадмиум, жива, арсен, хром, олово, никел предвидени со поблизок пропис, но и резидиуми од активни супстанции?
Молкот на Николовски како непосреден виновник зборува многу.
Одговорност за овој, како и за низата други злоупотреби во секторот за земјоделство, набрзо ќе има.
Социјалистичка партија на Македонија
Ново на Сител
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
-

Тошковски: Построги казни и зголемување на старосната граница за возење тротинет
-

EСМ в година ќе покрива 70% од потребите за домаќинствата – Ќе плаќаме ли поскапа струја?
-

Николоски најави брза пруга до Солун
-

Мицкоски: Министрите што се уморни чесно е да си одат
-

Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката значи обврска
-

Тошковски: Законски измени за тротинетите
