Евролигата најави неколку промени во правилата во пресрет на новата сезона

Евролигата најави промени во голем број правила во пресрет на новата сезона. Иницијативата е насочена кон подобрување на квалитетот на судењето и во Евролигата и во Еврокупот.
Главните тренери сега ќе добиваат по два „челинџа“ за секој натпревар, но ќе мора да искористат еден од нив во првите 38 минути од натпреварот, во спротивно ќе го загубат. За да се забрза играта, судиите сега ќе можат да направат видео проверка на фаул само во последните две минути од натпреварот или во последните две минути од продолжението доколку го има.
Исто така, судиите ќе можат да прегледаат нов тип на контроверзни одлуки, имено, да откријат дали играчот бил фаулиран во моментот на шут или не.
Играч или член на тимот кој ја напушта клупата за време на спор на теренот, но не учествува активно во нарушувањето на редот, нема автоматски да биде исфрлен. Се претпоставува дека судиите ќе можат да ја прегледаат видеоснимката од инцидентот и да откријат дали одредено лице било вклучено во конфликтна ситуација.
Ново на Сител
-

Во Дојран откриен најстариот меч во Македонија, стар околу 3.500 години
-

Штип ги награди своите најуспешни сограѓани
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта Банка: Повисок неделен лимит и целосна исплата на идни приливи
-

Уставните измени остануваат клучна пречка за интеграциите
-

Нови олеснувања за клиентите на Алта
-

Шестмина заинтересирани за купување на Алта
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Камениот мост доби ново осветлување
