Киптум на маратонот во Чикаго постави нов светски рекорд

Атлетичарот од Кенија, Келвин Киптум (23) е победник на маратонот во Чикаго со најдобар резултат на сите времиња, 2:00,35 часа. На улиците на Чикаго, Киптум го собори светскиот рекорд во маратон на неговиот сонародник Елиуд Кипчоге за повеќе од 30 секунди.
Киптум првпат го покажа својот потенцијал минатата година во Валенсија, каде стана трет најбрз тркач на 42.195 километри со време од 2:01:53 часа. Годинава во Лондон истрча 2:01:25 часа, што беше само 16 секунди побавно од светскиот рекорд на Кипчоге, кој со години важи за најдобар маратонец.
Тој успеа во својот трет обид, иако целта му беше само да го собори рекордот на маратонот во Чикаго (2:03:45).
„Дојдов за рекорд на патеката, но за среќа бев доволно брз за светски рекорд. Знаев дека еден ден ќе го соборам овој рекорд, но мислев дека сѐ уште не сум подготвен. Пресреќен сум“, изјави 23-годишниот Кениец.
Второто место го зазеде неговиот сонародник Бенсон Кипруто, а трет беше Белгиецот Башир Абди.
Ново на Сител
-

Изборниот законик влезе во собраниска процедура, СДСМ подготвува 10.000 амандмани
-

Ресорите поделени, имињата ќе се објавуват утре по ИК на ВМРО-ДПМНЕ
-

Измените на изборниот законик пред пратениците
-

Муцунски - Будрис: Продлабочување на соработката и подршка за европска интеграција
-

30 дена притвор за осомничениот за убиството на жената од село Таор
-

Материјални докази на судењето за деветтемина полицајци за Пулс
-

Нови цени на горивата од полноќ
-

По викенд нападите, САД и Иран утре на преговори
