Македонските кошаркарки ги дознаа противниците во евроквалификациите
Македонската женска сениорска кошаркарска репрезентација ќе биде дел од групата „Г“ во квалификациите за Европското првенство 2025 и за пласман на завршниот турнир ќе игра против Србија, Украина и Португалија, одлучи денеска ФИБА со ждрепка во швајцарскиот град Мие.
Квалификациите за женскиот Евробаскет ќе се играат во три „прозорци“ на ФИБА и ќе почнат идниот месец, а ќе завршат во февруари 2025 година.
Согласно натпреварувачкиот систем, победниците на осумте групи, заедно со најдобрите четири второпласирани репрезентации, земајќи ги предвид сите резултати во групите, ќе се квалификуваат за Евробаскетот во 2025 година.
Европското првенство, прв пат во историјата, ќе го организираат четири држави, Чешка, Германија, Грција и Италија, кои во текот на квалификациите ќе играат во иста група, но без натпреварувачки карактер.
Ново на Сител
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
-

Радев: Проблемите на Бугарите во Mакедонија се влошуваат
