Спортинг прв четвртфиналист во Лигата на шампионите

Екипата на Спортинг е првиот четвртфиналист во Лигата на шампионите откако вечерва по продолжение го совлада норвешкиот претставник Бодо/Глимт со 5:0 откако по 90 минути беше 3:0 и со тоа ја анулираше негативата од првиот натпревар од 0:3. Португалскиот претставник во следната фаза ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Арсенал и Баер Леверкузен.
Спортинг поведе со голот на Игнасио во 34.минута, а на 2:0 зголеми Педро Конкалвеш во 61.минута. Предноста на Бодо/Глимт беше анулирана во 78.минута кога Суарез од пенал зголеми на 3:0 и бидејќи вкупниот резултат беше нерешен 3:3 се играа продолженија.
Во втората минута односно 92.минута Араухо зголеми на 4:0, а конечните 5:0 ги постави Рафаел Нел во 120+1 минута.
Во тек се другите реванш осминафинални дуели: Арсенал – Баер Леверкузен, Челзи – ПСЖ и Манчестер Сити – ПСЖ.
МИА
Ново на Сител
-

Потпишана Националната програма за достоинствена работа
-

СДСМ: Историска победа во Србија – ќе се расчистат криминалите во Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Промените почнаа кога падна Заев
-

Бесплатни прегледи на Клиниката за неврологија
-

Недостига пристап до здравствена заштита во затворите
-

Становите во Штип достигнаа и до 1.500 евра за квадрат
-

Преглед на вестите од светот
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
