Спречен обид за криумчарење четири мотоцикли и гуми за крос мотоцикли
Царинската управа (ЦУ) спречи обид за криумчарење четири употребувани мотоцикли и друга стока која македонски увозник се обидел да ја внесе без да ја пријави меѓу пријавената стока за царинење.
Како што велат од ЦУ, македонски увозник се обидел меѓу пријавена стока за царинење да криумчари стока во вкупна вредност од 473.632 денари. Меѓу непријавената стока се четири употребувани мотоцикли со вредност од 392.285 денари, како и брусалка, бор машина, гуми за крос мотори, гуми со алуминиумски бандажи, метален сеф, пневматски пиштол, скара и котури гумени црева во вредност од 81.347 денари.
-Обидот за криумчарење е откриен од страна на царинските инспектори од мобилниот тим на Царинска управа при детална контрола на камионот кој се пријавил за увозно царинење на царинската испостава Тетово. Стоката не е декларирана во царинската увозна декларација, ниту е пријавена во приложената фактура од страна на увозникот, информираат од ЦУ.
Непријавена стока е одземена, а против увозникот ќе биде поднесена пријава за кривично дело криумчарење согласно член 278 од кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Почина Ози Озборн
-
Трамп објави трговски договор со Јапонија, вклучувајќи царини од 15 проценти
-
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-
Спречен уште еден обид за подметнување шумски пожар, вели Ангелов
-
Скопскиот водовод со намален притисок и прекини на вода, апел за рационално користење
-
Пет активни пожари утрово во земјата
-
Во Собранието амандманска расправа за законите за внатрешни работи и за полиција
-
Во Русија се блокирани повеќе од 50.000 веб-страници, соопшти руски министер