Спречен обид за самоубиство - Скопјанец сакал да се фрли на Рекорд
Спречен обид за самоубиство во центарот на Скопје. Околу пладне 42 годишен скопјанец под дејство на алкохол се качил на скеле на зграда на “Рекорд” и се заканувал дека ќе скокне. Во намерата го отргнале Алфите. Откако го симнале го однеле на Клиниката за Токсикологија.
Јавноста се уште е во шок од трагедијата во Хиподром каде мајка си го фрли синот од 4-от кат, а потоа и самата скокна. Иако 37 годишната жена е во свесна состојба и не е веќе на апарати за дишење на КАРИЛ полицијата чека дозвола од лекарите за да разговара со неа зошто се одлучила на овој грозоморен чин.
Во меѓувреме 6 годишното дете успешно се опоравува. По операцијата на главата од интензивна нега е префрлено на одделение на неврохирургија каде лекарите се оптимисти за неговото здравје.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
