Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“

Во периодот од 1 до 3 мај, во хрватскиот град Вараждин ќе се одржи Европскиот кикбокс куп „Вараждин Опен 26“, под покровителство на WAKO, кој важи за еден од најпрестижните турнири на европската кикбокс сцена.
Годинава натпреварувањето ќе обедини учесници од 31 држава, со вкупно 299 клубови и 1823 кикбоксери, кои ќе настапат во 2841 натпреварувачки влезови. Се очекуваат врвни борби, силна конкуренција и висок спортски квалитет.
Македонија ќе има значајно присуство на овој настан, предводена од претседателот на Кикбокс маитаи федерацијата, Дејан Митровски Урко. Националниот тим ќе брои 38 натпреварувачи (34 на ВАКО Европскиот куп ВАРАЖДИН 26 и 4 на Вараждин опен 26) и 11 тренери, кои ќе ги бранат боите на државата преку 11 македонски клубови.
Меѓу нив се: КБК Шампион Скопје со 5 натпреварувачи (4+1), КБК Гладијатор Скопје со 2, КБК Прокик Фемили Скопје со 5 (4+1), КБК Адора Скопје со 4, КБК Адреналин Радовиш со 1, КБК Енерџи Битола со 4, КБК Гладијатор Неготино со 1, КБК Арена Струмица со 6 (4+2), КБК Лидер Виница со 3, КБК Предатор Куманово со 6 и КБК Самурај Битола со 1 натпреварувач.

Во рамки на овој европски куп ќе се одржи и купот за почетници „Вараждин Опен 26“, на кој ќе учествуваат 394 натпреварувачи со 539 натпреварувачки влезови, претставувајќи 97 клубови од 25 европски држави.
Овој настан претставува одлична можност за македонските кикбоксери да се натпреваруваат на високо ниво, да стекнат меѓународно искуство и да ги потврдат своите квалитети на европската сцена.
„Македонските кикбоксери се максимално подготвени и мотивирани да го дадат својот максимум во Вараждин. Очекувам жестоки и квалитетни борби, во кои нашите натпреварувачи ќе покажат карактер, дисциплина и победнички дух. Се надевам на настап без повреди и на освојување на голем број медали. Овој турнир има дополнителна тежина, бидејќи носи бодови за европското рангирање, што е силен мотив плус за сите.
И покрај тешката финансиска состојба во федерацијата и ограничените средства со кои располагаат и федерацијата и клубовите, со големи напори со приватни средства успеавме да обезбедиме бројна експедиција од речиси 50 луѓе. Тоа само по себе покажува колкава е желбата и посветеноста на нашите спортисти да ја претставуваат Македонија на највисоко ниво“, изјави претседателот на федерацијата, Дејан Митровски - Урко.
Ново на Сител
-

Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија
-

МВР и Фондот за здравствено осигурување: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените
-

Јаневска: Учебниците ќе бидат навреме доставени, вештачката интелигенција треба да се користи етички во образованието
-

Пронајден револвер со куршуми во скопско, лишено од слобода едно лице
-

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ и да не споделуваат лични податоци
-

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство, едно семејство со хумана одлука спаси два живота
-

ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот
-

Ѓорѓиевски: Скопје има безбедна вода за пиење
