Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори

Србија не испрати покана до Европскиот парламент (ЕП) за набљудување на предвремените парламентарни избори закажани за 25 октомври, со што ја пропушти можноста за доаѓање на нивна набљудувачка делегација бидејќи рокот за тоа истече вчера, 8 октомври, јави српската редакција на Радио Слободна Европа.
– Властите во Србија не го поканија Европскиот парламент да ги набљудува изборите на 25 октомври, а во меѓувреме истече рокот за организирање мисија на ЕП. Тоа практично значит дека е пропуштена можноста за испраќање набљудувачка делегација на Европскиот парламент – изјави известувачот на ЕП за Србија, европратеникот Тонино Пицула, за Радио Слободна Европа.
Тој појасни дека била подготвена седумчлена делегација, но бидејќи од Белград не пристигнала официјална покана, според правилата на Европскиот парламент таа не може да биде формирана и испратена како набљудувачка мисија.
Во средината на септември, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соопшти дека ќе ги набљудува предвремените парламентарни избори во Србија со помош на 14 меѓународни експерти со седиште во Белград.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
