Македонија
1. December 2015 - 17:18

Средба Иванов-Меркел во Париз - Главна тема на разговорите-мигрантите

Поголема логистика во справување со кризата со мигрантите побара македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов од германската канцеларка Ангела Меркел. На средбата во Париз шефот на државата посочил  дека на Македонија и треба помош од Европската Унија за поголема контрола на состојбата. Иванов ја информирал Меркел и за мерките кои ги превзема земјава во справување со кризата.

Иванов на канцеларката Меркел и се пожалил за непринципиелниот однос на Грција кон мигрантите и покрај укажувањата на ЕУ да се прави селекција на бегалците од таканаречените еконосмки мигранти кои доаѓаат од земји  каде нема конфликти. И покрај насоките јужниот сосед и понатаму дозволува тие да доаѓаат до нашата граница. 

На маргините на самитот за климатски промени Иванов рзговараше и со американскиот претседател Барак Обама. Побара подршка од САД за Македонија конечно да добие покана за членство во НАТО. За единствената пречка кон евроинтеграциите проблемот со името шефот на државата разговараше и со грчкиот премиер Алексис Ципрас. Двајцата се согласиле дека државите мора повеќе да работат на градењето доверба. Со ова Иванов ја заврши посетата на Франција. Од Сител за Париз Александар Динев.