Македонија
30. јуни 2025 - 17:50

Средба Мицкоски – Кос, централна тема Планот за раст од реформската агенда

Средба Мицкоски – Кос попладнево. На Тет-а-тет средбата, но и на билатералната средба со проширени делегации која ќе следи потоа се очекува Планот за раст од реформската агенда да биде главна тема на разговор.

Но министерот за европски прашања, Орхан Муртезани кој денеска имаше отчет за сработеното во една година Влада рече дека очекува на средбата да се разговара и за одглавување на европскиот пат на Македонија и решавање на спорот со Бугарија.