Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на работната посета на Женева, во седиштето на Светската трговска организација остварил средба со генералната директорка на оваа организација Нгози Оконџо-Ивеала.
Како што информираат од МНРиНТ, директорката ги поздравила економските и надворешно-трговските политики на Владата поврзани со странските инвестиции, пазарот на трудот, отвореноста на економијата, како и усогласеноста на државата со рамката на Светската трговска организација.
Министерот Муцунски истакнал дека економските реформи се високо на агендата на Владата и ја подвлекол посветеноста на државата за трансформација на економијата, во согласност со побарувачката на пазарот на труд и глобалните трговски пазари. Тој нагласил дека привлекувањето на странски инвестиции е силен приоритет, особено во секторите енергетика, фармација, одбрана и други области каде државата може да покаже високо ниво на конкурентност.
- Силниот ангажман на Владата за привлекување на странски инвестиции, членството во НАТО и целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ се потврда дека државата е доверлив партнер и атрактивна локација за инвестирање. Ова дава резултати преку зголемен обем на реализирани странски инвестиции и позитивни економски показатели во делот на извозот, потенцирал Муцунски.
Соговорниците се согласиле дека интеграцијата на Западниот Балкан неопходно е да добие поголема динамика, бидејќи, како што се наведува во соопштението, тоа ќе значи реализација на нови стратешки проекти, поголем прилив на инвестиции, забрзан економски развој на државите и отворање пристап до нови пазари за домашните компании.
Министерот Муцунски на средбата говорел и за новите надлежности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, кое сега е одговорно за процесите, политиките и регулативата поврзани со надворешната трговија. Во оваа насока најави дека активното учество и засилената соработка со Светската трговска организација ќе бидат еден од приоритетите во следниот период.
Ново на Сител
-

ТФТ минимално го совлада МКК Куманово
-

Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
-

Трамп: Војната во Иран практично е завршена од воен аспект
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
-

Охрабрувачки резултати од првото пребројување на дивокозите на Шар Планина
