Средба на српскиот премиер со претставници на македонското национално малцинство: Северна Македонија е братска земја

Премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со претседателката на Националниот совет на Македонското национално малцинство, Зорица Митровиќ, за подобрување на положбата на припадниците македонското малцинство, и во таа прилика изјави дека Србија и Северна Македонија се братски и пријателски земји, ориентирани кон соработка, почитување и заеднички просперитет.
„Националните малцинства се вистинското богатство на оваа земја, на што сме горди“, рече Мацут и додаде дека почитувањето на различноста и еднаквоста на сите граѓани е основа на здраво и прогресивно општество.
Мацут рече дека националните совети се партнери на државата во остварувањето на правата и слободите на припадниците на националните малцинства, на што Србија е целосно посветена.
Тој му се заблагодари на Националниот совет на Македонското национално малцинство за партнерството и соработката.
На средбата, на која присуствуваше и амбасадорот на Република Северна Македонија во Србија, Никола Тупаченски, беше разговарано за јубилејот што ќе се прослави во Нови Сад - 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, се додава во соопштението од Владата на Србија.
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
-

Преку фестивал на смоларскиот костен промовирани природните богатства на подбеласичкиот регион
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
