Средба Славески - Рокас: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка
Актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток, биле тема на разговор на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас.
Како што соопштија денеска од Банката особено внимание на средбата ѝ било посветено на улогата на централните банки во справувањето со инфлацијата.
- Притоа беше посочено дека и покрај успешното справување со инфлацијата во светски рамки, ризиците се присутни и понатаму. Променливоста на Светските пазари на примарни производи се соочуваат со зголемена променливост, под влијание на постојаните геополитички тензии. Ова е особено важен фактор за малите и отворени економии, како што е македонската, во кои голем дел од производите се увезуваат, а храната и енергијата имаат големо учество во вкупната потрошувачка, се вели во соопштението од Народната банка.
Гувернерот Славески посочил дека сегашната поставеност на монетарната политика е соодветна на економските услови, имајќи ги предвид и ризиците од надворешното и од домашното окружување. Тој потенцира дека Народната банка, како и досега, внимателно ќе ги следи движењата кај најважните показатели и ризиците и ќе ги презема сите неопходни мерки користејќи ги сите расположливи инструменти за одржување на стабилноста на девизниот курс и на ценовната стабилност.
Славески и Рокас ја истакнале важноста од пристапувањето на земјава во Единствената област за плаќање во евра (СЕПА), како стратегиски чекор за економска и финансиска конвергенција кон Европската Унија, коешто се очекува да има значајно влијание врз конкурентноста, финансиската вклученост и модернизацијата на домашниот финансиски систем.
На средбата било истакнато дека Народната банка остварува плодна соработка со Делегацијата на Европската Унија во спроведувањето на својата стратегиска ориентација и во процесот на усвојување на најдобрите практики и стандарди коишто сѐ повеќе ја приближуваат до Европскиот систем на централни банки, преку значајни проекти, техничка помош и активности за јакнење на капацитетите.
Ново на Сител
-
Викендов во Скопје ќе се реализира авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци
-
Мицкоски предложи електронски попис идната година, но го услови со прифаќање веднаш на една изборна единица
-
Хегсет го брани нападот врз Иран: Програмата е „уништена“, и покрај сомнежите
-
Интерпелација за Костадиновски во Собрание
-
Еврокомисијата очекува договор со Словачка и Унгарија за 18-от пакет санкции кон Русија
-
Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање
-
Нетанјаху поради Иран и Газа бара одложување на рочиштето во процесот за корупција
-
Историска мисија: Астронаути од Индија, Унгарија и Полска првпат на МВС