Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
,,Ова дрво е засадено како жив спомен кој ќе расте и ќе не потсетува на вредноста на животот и човечката солидарност."
Оваа порака стои на таблата покрај дрвото што струмичките средношколци денеска го засадија во Градскиот парк, во чест на загинатите во трагедијата во Кочани, меѓу кои беше и струмичанецот Џоко Ѓоргиев.
Дрвото е засадено како симбол на надежта и животот кој продолжува да расте, но и како траен спомен за жртвите.
Одбележувањето го организираше ученичкиот дом при средното општинско училиште Димитар Влахов, а во настанот се приклучија и ученици од останатите две средни училишта во Струмица, со поддршка од локалната самоуправа.
Во рамки на активностите беше организиран и меморијален турнир во мал фудбал со учество на ученици од Струмица и Кочани, а за време на настанот се собираа донации кои ќе бидат уплатени на сметката на иницијативата Супорт Кочани.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
