Македонија
10. March 2021 - 16:33
Средношколците со оценка 1 за он-лајн наставата
Средношколците им ставија единица за онлајн наставата на МОН. На институциите им се случи ЕРРОР 404 наместо да ја усовршат долго најавуваната онлајн платформа. Средношколците велат МОН не се подготвиле исто како кога ученик нема да се подготви за час па ќе добие недоволна оценка. Истражувањето на Сојузот на средношколци покажува дека голем процент од учениците не успеале воопшто да се вклучат на онлајн настава.
Сето ова велат од Сојузот се краткорочни последици од наставата од далеична но тоа ќе влијае на подолг рок врз менталното здравје на учениците. Не се сложуваат со фактот дека цела една година не се вратиле во училишните клупи и покрај тоа што од УНИЦЕФ како приоритет го истакнува што поскорото отворање на училиштата.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
