Српска листа: Доколку не престане насилството над Србите од 1 јуни ќе пружиме отпор со сите средства
Потпретседателот на Српската листа на Косово, Игор Симиќ, денеска изјави дека српската заедница на северот на Косово ќе пружи отпор од 1 јуни и додаде дека овој рок е даден доколку Приштина и меѓународната заедница не влијаат на престанок на репресијата врз Србите, што е резултат на институционално насилство, јави дописникот на МИА од Белград.
-Народот не може да го толерира режимот на Албин Курти. Даваме рок до 1 јуни да се престане репресијата над народот и одземањето на земјиштето и лажната експропријација, со апсења и лажни обвиненија. Да престане прогонот, бидејќи низ казаматите на Косово има невини Срби. Да се престане со негирање на основните права како лекување и образование. Доколку овие акции продолжат, на 1 јуни ќе уследи одговор на српскиот народ, со сите средства, изјави Симиќ.
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, по заклетвата на новиот градоначалник на Северна Митровица изјави дека благодарение на натчовечките напори успеале да го зачуваат мирот и да го задржат народот да не реагира на провокациите на режимот на Албин Курти.
-Покажавме дека и кога се одржаа лажните избори, па и денес, мирот е натчовечки зачуван, посочи тој и додаде дека не гледа дека некој друг е подготвен да го зачува мирот, „особено не во Приштина“. Со сите средства ќе го браниме правото на Србите да останат во нивните огништа, рече Ракиќ.
Ова е крајниот рок, додаде тој, за режимот на Албин Курти, претставниците на Квинта и меѓународната заедница.
Потсетуваме дека денеска Ерден Атиќ (Атик) положи заклетва како нов градоначалник на Северна Митровица, со што и официјално го означи почетокот на неговиот мандат.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради ситуацијата на Косово, ги одложи за денеска сите закажани активности.
Ново на Сител
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
-

Денеска времето сончево и топло
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
