-->
-->
Српски медиуми: Даниел Кајмакоски киднапиран во Белград
-->

Според српските медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа околу 20 часот бил киднапиран во Белград.
Наводно, тој бил врзан и насила внесен во сопствениот автомобил. Киднаперите, за кои се претпоставува дека се странски државјани, побарале откуп во износ од 20.000 евра и со возилото се упатиле кон градот Рума.
Во Рума тие предизвикале сообраќајна несреќа, по што избегале од местото на настанот, додека Кајмакоски останал во автомобилот.
Се очекуваат официјални информации од српското МВР или изјава од самиот Кајмакоски за случениот инцидент.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на координаторите на пратеничките групи во Собрание по вчерашната лидерска средба
-

Новоизбраните членови на Судскиот совет дадоа свечена заклетва
-

Министерството за економија ќе организира средба со угостителите за законот за заштита од пушење
-

Одмаралиштето на Пониква повторно во служба на повредените во „Пулс“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
