Српскиот претседател претстави нови економски мерки за подобрување на животниот стандард на жителите на државата

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, објави денеска уредба со која од следната недела трговските маржи ќе бидат ограничени на 20 отсто кои сега се и до 45,2 проценти во најголемите синџири, и дека во наредниот период до крајот на годината ќе следат сеопфатни мерки за подобрување на животниот стандард.
Toj најави и намалување на каматите на готовинските и потрошувачките кредити.
Вучиќ на прес-конференција изјави дека во наредниот период ќе бидат донесени закони за трговија и заштита на потрошувачите, додека до крајот на годината се очекува донесување на законот за забрана на нефер трговски практики.
Дел од мерките тој ги претстави денеска, а дел ќе бидат дополнително претставени во средината на септември. Според него, маржите ќе бидат ограничени за 23 групи производи, односно околу 3.000 производи, што се однесуваат на 24 компании.
„Делез, Меркатор, Лидл, Универексперт генерираат 51 процент од вкупната малопродажна трговија“, рече Вучиќ, тврдејќи дека речиси 48 проценти од минималната плата се троши за храна и безалкохолни пијалоци.
„Убеден сум дека со овие мерки покажуваме колку ни е грижа за граѓаните на Србија, дека тие живеат подобро, дека покажуваме грижа за нив“, рече Вучиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Керамитчиев, Граѓанска иницијатива за чист воздух во Скопје
-

СДСМ го обвини Деспотовски за соработка со ВМРО-ДПМНЕ, тој вели - Ова не е СДСМ, ниту некогаш ќе биде
-

Гаши најави дебата за измени на Изборниот законик
-

Сиљановска Давкова: Вредноста на македонските мировници, никогаш не била повидлива
-

Дедо Мраз пристигна на Скопскиот плоштад
-

„Бегалка“ по 55 години на сцената на Струмичкиот театар
-

Расте бројот на станоиздавачи
-

Нелегалната сеча се намалува, пријавите се зголемуваат
