Срушен е рекордот за ова лето: 21 активен пожар во Македонија

Македонија се соочува со еден од најтешките денови ова лето во борбата со огнените стихии. Според последните податоци од Центарот за управување со кризи заклучно со 17:00 часот, во државата се активни дури 21 пожар, со што официјално е соборен рекордот за бројот на активни жаришта во текот на оваа сезона.
Пожарите се раширени на територијата на бројни општини, зафаќајќи шуми, ниска вегетација, стрништа, па дури и урбани средини. Надлежните апелираат на максимална претпазливост, бидејќи високите температури и сувото време дополнително ја отечнуваат ситуацијата.
Сите расположливи противпожарни екипи, шумски служби и членови на локалните самоуправи се на терен и со крајни напори се обидуваат да ги стават пожарите под контрола.
Активните пожари се регистрирани на следните локации:
Општина Македонски Брод – м.в. Видуш во близина на с. Драгов Дол (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки)
Општина Студеничани – над с. Моране, Вртекица и Рамни Габер (мешана шума)
Општина Студеничани 2 – с. Батинци (ѓубре)
Општина Илинден – нас. Илинден (ниска вегетација)
Општина Желино – с. Чифлик (ниска вегетација и мешана шума)
Општина Зелениково – с. Строхијадица (шума)
Општина Кичево 1 – с. Осој (плевна)
Општина Кичево 2 – с. Манастирско Доленци (шума)
Општина Дебарца – с. Климештани према с. Ботун (ниска вегетација)
Општина Јагуновце – с. Копанце (шума, ниска вегетација)
Општина Тетово – с. Џепчиште (ниска вегетација)
Општина Теарце – с. Пршовце (ниска вегетација)
Општина Гостивар – Глоба Балкан Груп – Гостивар (ниска вегетација)
Општина Чаир – Специјално училиште „Иднина“ – Поликлиника Чаир (ниска вегетација)
Општина Прилеп – с. Тополчани – кај млинот (висока вегетација)
Општина Новаци – с. Маково (ниска вегетација)
Општина Штип – с. Врсаково (ниска вегетација)
Општина Битола – с. Драгош (ниска вегетација)
Општина Центар Жупа – Центар Жупа (нива)
Општина Ѓорче Петров – Железничка станица во Ѓорче Петров (ниска вегетација)
Град Скопје – ул. Гоце Делчев (ниска вегетација)
Ново на Сител
-

Ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч пронајдени при претрес во Кавадарци | ФОТО
-

Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
-

Крис Браун призна вина и избегна затвор во Вeлика Британија
-

Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при даночните контроли на „Пулс” и поврзаните фирми
-

Температури под нулата утрово на Попова Шапка и во Лазарополе, Берово и Маврови Анови
-

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата
-

Претседателката на косовското Собрание, Аљбуљена Хаџиу, во посета на Парламентот
-

Израел гласа на први парламентарни избори по нападите на 7 октомври 2023 година
