Стан во Аеродром за 166 500 евра, куќа во Центар 1,5 милиони евра - пазарот на недвижности во подем
Стан во скопски Аеродром продаден за над 166 000 евра, куќа во Центар за 1,5 милиони евра. Во Аеродором лани е постигната и највисоката цена за метар квадратен од близу 3800 евра,
Според последниот извештај на Агенцијата за катастар, ова се наскапите транскации кои го одбележуваат пазарот на недвижности минатата година. Скопските општини Центар Аеродром и Карпош и натаму остануваат најатрактивни на пазарот кој очекувано во овие три општини бележи и највисоки цени на метар квадратен, од 1500 до 1700 евра.
Извештајот покажува дека на годишно ниво цените на недвижностите пораснале за околу 10%, што според директорот на Агенцијата е знак дека пазарот полека се стабилизира.
Извештајот покажува пад на бројот на продадени станови и многу поголем интерес за купување куќи, а значителен пораст има и кај закупите. Но ова според Живковски не значи дека граѓаните се потешко доаѓаат до сопствен дом, туку дека ова е резултат на раздвижување на економијата со повеќе странски бизниси.
Со над 33 илјади трансакции пазарот на недвижности лани забележа рекорден промет од 1,14 милијарди евра, или раст од 13% во споредба со претходната година.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
