Македонија
9. January 2022 - 16:43

Станува ли алармантна состојбата со Омикрон?

Дали состојбата со Омикрон станува алармантна? Во главниот град само последното деноноќие 800-тини граѓани, најголемиот дел со висока температура и други симптоми на Ковид побарале лекарска помош во дежурните амбуланти во 7-те Поликлиники на Здравствен дом Скопје.

-Во текот на празниците двојно е зголемена бројката на пациенти кои се јавуваат во дежурните служби со покачена температура, со горнореспираторна симптоматологија. Односно со течење на нос, болки во грлото, кашлица, тие се покарактеристични симптоми кои доаѓаат. Би сакала еден апел до граѓаните кои се со покачена температура, а брзиот тест им излегол позитивен да не се јавуваат во дежурните служби бидејќи ние немаме ковид центри таму, туку да се јавуваат директно во ковид центрите кои ги примаат ковид позитивните пациенти за да сепак вирусот не се рашири кај останатат популација која се јавува поради друга симптоматологија во дежурните служби, изјави д-р Милица Бубало, раководител на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Скопје.

Зголемен број јавувања од граѓани поради висока температура деновиве бележат и во диспечерскиот центар во Службата за Брза помош.

-Со зголемување на бројката на Ковид позитивни пациенти се зголемува и бројот на повици во Службата за итна медицинска помош, но има јавувања и за останатите состојби, како што се за мозочен удар, покачен притисок, освен за температурите, вели д-р Бубало. 

Инаку според официјалната статистика за една недела двојно е зголемен бројот на Ковид позитивни и во моментот има околу 10.000 активни случаи, но епидемиолози предупредуваат дека бројката на инфицирани е далеку поголема.