Стапија на сила санкциите на САД за Нафтената индустрија на Србија

По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
„Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС.
Уште во јануари, САД објави воведување санкции врз една од виталните компании за економијата на Србија поради соработката со Русија, но тие беа одложувани до денеска.
НИС е клучна компанија за снабдување на граѓаните на Србија со нафтени деривати, но и една од најважните за бруто општествениот производ и државниот буџет.
„Во моментов се обезбедени доволни залихи на нафта за преработка, додека бензинските пумпи се соодветно снабдувани со сите видови нафтени производи“, објави НИС откако стапија во сила американските санкции.
Србија, заедно со Белорусија, е единствената европска земја која не воведе никакви санкции врз Русија по инвазијата на Украина во февруари 2022 година и е постојано под притисок од Европската унија да се усогласи со надворешната политика на Брисел.
Досега, српските власти решително ги отфрлаа сите идеи за воведување санкции врз Русија.
Американските санкции против НИС се најстрогата казна за Србија за нејзината соработка со Русите досега.
МИА
Ново на Сител
-

Над 60 ученици се фатени како препишувале на државната матура
-

Измените на Законот за трансплантација поминаа на Влада, во Собрание ќе биде доставен по скратена постапка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
