Македонија
31. March 2021 - 15:05
Стартува вакцинацијата против Ковид-19 во Охрид
Стартува вакцинацијата против Ковид-19 во Охрид. 79 годишна жена беше првата која што утринава ја прими вакцината од производителот „Астра Зенека“,во просториите на Службата за превентивна здравствена заштита на деца и младинци каде се наоѓа вакциналниот пункт таа се чуствува добро а и останатите кои денеска дојдоа на закажаниот термин и се надеваат на поголема заштита од вирусот.
Здравствениот дом од Охрид доби 800 вакцини и 70 термини дневно за вакцинирање на граѓани постари од 77 години. Четири тима организирано го спроведуваат вакцинирањето кое тече непречено согласно протоколите .
Од Здравствениот дом велат дека има интерес кај населението и додаваат дека откако ќе се потрошат континуирано ќе пристигнуваат нови вакцини.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
