Стартуваше скринингот во основните училишта
Скринингот за Ковид-19 е веќе отпочнат во неколку основни училишта во Скопје. Од Здравство соопштија дека реализиацијата е во тек откако добиле 5000 согласности од родителите. Во голем број училишта се уште се прибираат согласности бидејќи рокот бил до денеска.
Завршена е првата фаза во однос на добивање и обработка на согласностите од родителите. Направен е план и распоред за реализација на скринингот на терен и тој веќе се врши во неколку основни училишта во Скопје. Скринигот продолжува во понеделник.
Со овој скрининг здравствените власти ќе проверуваат каква е состојбата со вирусот во училиштата и колку асимптоматски случаи има кај учениците. За скринингот ќе се користат антигенски тестови. Засега нема прецизен одговор дали ќе бидат опфатени средношколците, за кои претходно соопштија дека ситуацијата во средните училишта била под контрола. Во образецот стои дека се дава согласност за ученици во основно и средно училиште. По скринингот комисијата ќе ги анализира резултатите и ќе одлучи дали ќе има олабавување на мерките за заштита.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
