Статистиката од 200 до 300 новозаразени секој ден пречка за укинување на рестрикциите, вели Сали
Статистиката со 200 до 300 новозаразени секој ден се уште пречка за целосно укинување на рестриктивните мерки во земјата, тврди првиот човек во здравството. Задолжителното носење на маски во затворен простор и сертификатите за влез во земјата се уште се на сила, а дали ќе има нивно олабавување ќе проценува Комисијата за заразни болести на следниот состанок.
-Од кога станав министер за здравство тоа е моја желба, да нема рестриктивни мерки и да се вратиме во нормалниот живот. Но бројките тоа не го дозволуваат што значи дека вирусот е тука уште постои и чека најмал момент да почена да се развива. После ќе ни треба недела до две за да може да се стопира, за жал се уште ќе има мерки кои не штитат од вирусот, изјави Беким Сали министер за здравство.
Министерот и предложил на Комисијата и новинарите да присуствуваат на следниот состанок за да видат како се носат одлуки. Но здравствените власти засега не можат да се пофалат и со бројките на вакцинирани, особено што и со караванот за вакцинација има минимално зголемување.
А додека едни се мислат дали да примат вакцина, останатите можат да даруваат крв и да спасат човечки живот.
-Ако лицата имале благи симптоми можат да даруваат крв после 14 дена. Оние, пак, кои имале потешка слика да почекаат неколку недели, изјави дрр Садула Усеини, директор на Институт за трансфузиона медицина.
Беким Сали, негови колеги од Владата, лекари и директори на клиники денеска даруваа крв во акцијата што ја организираше МЗ со Институот за трансфузиона медицина.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
