Македонија
20. May 2024 - 16:34

Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава

Договорците на токсикологија денеска си ги земале решенијата за работа потпишани само од организациската директорка Бесија Иљази, откако минатата недела министерот за здравство го разреши медицинскиот директор Данил Петровски кој користи годишен одмор.

Дали е ова законски ДСЗИ ќе проверува деновиве. Иако од инспекторатот и при првиот надзор издале решение според кое лица кои немаат никаков важечки договор воошто да не се појавуваат во установата, а не да работат со пациенти.

Инаку според информации на Сител од четвртокот 18-те лица повторно почнале да извршувааат работни задачи на Клиниката, иако за дел од нив јавно беше посочено дека немаат соодветно образование.

Истите преку писмена изјава објавена од министерството за здравство изнесоа обвинувања за професорот Нико Беќаровски дека ги навредувал на етничка основа зошто се Албанци. Тој негираше и најави тужби, а зад него застанаа речиси сите лекари и најголемиот дел од вработените на Токсикологија.

Денеска како што дознаваме од извори од Клиниката против работењето на Беќаровски и Петровски на интерен состанок со вработените зборувала и организациската менаџерка Бесија Иљази покрај на албански и на македонски јазик иако на единствената прес конференција на новинарите им рече да си донесат преведувач.