Ставен под контрола пожарот кај велешкото село Ногаевци, пожари има и на Скопска Црна Гора, во Матејче и долж реката Лепенец

Велешките пожарникари вечерва го ставија под контрола пожарот во околината на селото Ногаевци, за којшто директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов изрази сомневање дека е намерно запален и рече дека полицијата ќе го истражува случајот.
Ангелов во вечерашната изјава кажа дека овие свои сомнежи ги темели на искази на локалното население.
Врз овој пожар освен велешките пожарникари и локалното население, интервенираа и двата Ер трактори кои само еднаш фрлија вода врз едно критично место, како што побарал командирот на велешката ППЕ. Тоа, како што објасни Ангелов, им овозможило влез во боровата шума на велешките пожникари изложувајќи се на одреден ризик.
- Рано наутро ќе продолжи деталното гаснење на овој пожар - изјави Ангелов додавајќи дека нема повредени пожарникари.
Вечерва исклучително тежок пожар има во месноста Рамно на Скопска Црна Гора, каде гаснат скопските пожарникари и луѓе од Национални шуми, а на лице место е и градоначалникот на Чучер Сандево.
Пожар има во атарот на кумановското село Матејче, којшто се движи кон манастирот во Матејче. Пожарот кој од косовска страна се спушти на наша територија долж реката Лепенец е ставен под делумна контрола, и се очекува утре да биде ставен под целосна контрола или да биде изгаснат.
- Но, ако ветрот е неповолен најверојатно и вечерва скопјани, или дел од нив ќе чуствуваат непријатен мирис којшто доаѓа од чадот од овој пожар - рече Анеглов.
МИА
Ново на Сител
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
