Сто лица добиле поддршка во 2025 од регионалниот Центар за поддршка на жртви на семејно насилство во Кавадарци

Сто кориснички добија поддршка во 2025 година преку услугите на Регионалниот советувалиштен центар за жртви на родово базирано насилство во Кавадарци. Од нив, 30 се нови барателки кои за првпат се обратија за помош. Осум млади се евидентирани како деца кои доживеале траума како резултат на семејно насилство - директно или индиректно, информираат од Центарот.
- Овие податоци ја потврдуваат реалната потреба од достапни, навремени и доверливи услуги за жртвите на родово базирано и семејно насилство. Зад секоја бројка стои човечка приказна и потреба од сигурност, поддршка и заштита. Регионалниот советувалиштен центар продолжува со посветена работа во насока на психосоцијална поддршка, советување и зајакнување на жртвите, со посебен фокус на заштитата на децата како најранлива категорија, посочуваат од Центарот.
Оттаму нагласуваат дека помошта е достапна, а поддршката е доверлива.
- Заедно градиме простор каде што храброста да се побара помош се претвора во сила за нов почеток, додаваат од Центарот.
Спас од насилство во 2024 година, пак, побарале 35 жени во Регионалниот советувалиштен центар во Кавадарци. На 240 припаднички на понежниот пол им биле потребни услуга или совет од социјалната работничка, 35 ја користеле помошта од психолог психотерапевт, а 93 жени побарале бесплатно правно советување.
Регионалниот советувалиштен центар работи согласно стандардите на Министерството за социјална политика, демографија и млади, а раководено е од Здружението за родова еднаквост „Визија“ од овој град. Советувалиштето нуди услуги за сите жртви на насилство. Функционира регионално и финансирано е од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. Центарот постои од 2022 година.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: 100 нови градски автобуси за Скопје
-

Петков на местото на Лазарески во македонскиот состав на ЗОИ 2026
-

Јапонија додели два гранта за здравството и противпожарната заштита во земјава
-

Мицотакис: Не ни треба посредник во разговорите со Турција
-

Руте греши во врска со европската одбрана, сметаат аналитичарите Девеса и Алесандри
-

Маск го спои „Спејс-Икс“ со компанијата „Икс-А-И“
-

Приведени осум возачи, управувале возила со активна забрана, без положен возачки испит и со фалсификувана возачка
-

На тренерот и играчите на Ал-Наср им е забрането да разговараат со новинари поради ситуацијата со Роналдо
