Loading Video...
Фудбал
24. December 2021 - 11:25
Столе Димитриевски „се сели“ во Барселона!
Супер интересна вест ни доаѓа од шпанскиот фудбал, а е поврзана во голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски.
Димитриевски кој сезонава брани во одлична форма во дресот на Рајо Валјекано кој е изнанедувачи четвртопласиран во Ла Лига, е цел на каталонскиот гигант Барселона,
Како што пренесуваат шпанските медиуми, тренерот на Барселона, Чави посакува во своите редови да го доведе Димитриевски како замена за Нето Мурара, кој сака да си замине затоа од Камп Ноу, бидејќи е незадоволен од минутажата и статусот, па токму нашиот Столе може да биде голема конкуренција Марк Андре Тер Штеген.
Шпанците веднаш направија и споредба. Имено Димитриевски во моментов, по 18 одиграни кола во Ла Лига, е голманот со најголем ефект. Имено Столе со 80,6% одбранети удари е на првото место на табелата на голмани со најдобар учинок, додека Германецот, дури претпоследен со ефект од само 56,8%. Воедно нашиот репрезентаивен голман е трет на листата според минутажата зад Тибо Куртоа и Диего Лопез.
Димитриевски кој со Рајо Ваљекано има договор до 2024 година, беше херојот на својата екипа во победата од 1-0 против Барса, меч на кој македонскиот голман имаше повеќе одлични интервенции, меѓу кои о одбранетиот пенал кој го изведе Мемфис.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->