Loading Video...
Фудбал
13. March 2022 - 16:49
Столе Димитриевски се врати на голот на Рајо кој одигра 1-1 со Севилја
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски по подолг период повторно беше стартен голман во составот на Рајо Ваљекано кој одигра нерешено 1-1 со второ пласираната Севилја.
Тимот на Рајо кој незнае за победа на последните осум натпревари, со нерешениот исход само му направи услуга на водечкиот Реал кој со натпревар помалку од Севилја има седум бодови повеќе
Што се однесува до натпреварт. По само една минута игра во вториот дел, домаќините поведоа со голот на Португалецот, Бебе, а Данецот, Томас Дилејно во 63-тата беше стрелец на голот за Севилја.
Рајо Вањекано пак останува во сигурната зона, односно на средината на табелата и со 32 бодови е на 13-тото место.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->