Македонија
23. November 2026 - 16:33

Стратегијата против корупцијата чека зелено светло од Собранието

Речиси една година државата е без национална стратегија за борба против корупцијата.. Документот што треба да ги обврзе институциите на конкретни активности, рокови и отчетност е се уште заглавен во Собранието.. Антикорупциската комисија ја усвои новата стратегија за периодот 2026-2030 и ја достави до пратениците во јуни годинава, но за неа, собранието досега не се изјаснило.. 

„Непостоењето на Стратегија која е корективен документ како институциите треба да се однесуваат, кои мерки треба да ги преземаат, дополнително ја влошува состојбата на граѓаните во делот на остварување на нивните права во делот на намалување на институционалната корупција“, изјави Благоја Пандовски, Претседател на Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Стратегијата предвидува мерки за областите со најголем ризик од корупција и судир на интереси како што се јавните набавки, спроведувањето на законите и управувањето со природните ресурси.. Платформата стравува дека неусвојувањето на документот, го загрозува спроведувањето на обврските и за следната година, а како што велат, практично изгубена е можноста навремено да се реализираат мерките планирани за 2026 година.. 

„Веќе една година институциите имаат отсуство од оние напатствија кои треба да ги имаат во борба против корупцијата. Добро е граѓаните да пријавуваат случаи на корупција, добро е да се жалат на коруптивни пракси кои се случуваат, меѓутоа, од друга страна треба и институциите да имаат зголемена активност. Односно, фактички да се борат против корупцијата“, вели Пандовски.

Немање напредок во борба против корупцијата, констатираше Европската комисија во извештајот за земјава.. Платформата апелира Законодавниот дом да ја усвои стратегијата за да може, како што велат, институциите да започнат со спроведување на стратешките антикорупциски мерки..