Строг но правичен пристап- Холандија и Франција остануваат да ги поддржуваат реформите и напредокот
Преку строг и правичен пристап Холандија продолжува да ја поддржува евро-атлантската интеграција на Македонија, вели во изјава за Сител амбасадорот Ваутер Пломп. По објавата на нон-пејперот од Брисел со кој Холандија и Франција бараат одложување на одлуката за старт на преговори со Македонија за идната година и од амбасадата на Холандија во Скопје со одмерен став за информациите.
- Го забележуваме напредокот кој македонските институции во текот на изминатата година го направија во спроведувањето на реформите, меѓу другото и во областа на владеење на правото. Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на овие реформи преку континуирано спроведување на новото законодавство. На 26 јуни Советот за општи работи на Европската унија ќе решава за препораката на Европската комисија за почеток на преговорите, се вели во пишанатра изјава од амбасадорот Пломп.
Во изјавата за Сител амбасадорот посочува дека неговата земја ги следи интензивираните преговори со Грција за решавање на прашањето со името, и искрено се надеваат дека наскоро ќе биде постигнат взаемно прифатлив договор. Холандија, како што посочува Пломп ќе продолжи да ја поддржува Македонија преку обезбедување на финансиска помош и експертиза во некои од најважните области како што се владеењето на правото, човековите права и доброто владеење.
Од француската амбасада очекуваат конечната одлука да се донесе во Брисел идниот месец.
- Амбасадата на Франција, напоменува дека предлозите за отпочнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот на 26 јуни а потоа за нив ќе одлучи Европскиот Совет во текот на истиот месец. Разговорите за подготовка на заклучоците за Македонија и за Албанија сеуште не се отпочнати во Брисел. Поради тоа и не треба да му се придава премногу големо значење на тој документ, особено што во него станува збор за точки за кои ќе се разговара и одлучува во иднина, се вели во пишаната изјава од амбасадата на Франција во Скопје.
Министерот Димитрoв пак како што пренесува државната МИА, одговарајки на прашања за преговорите со Грција и следните чекори на Македонија кон ЕУ пред како што пишува агенцијата тесен круг на експерти и новинари одговорил дека преговарачкиот процес би немал смисол ако се очекува ниво на зрелост како за влез во унијата.
Треба да има јасна дистинкција дека стартот на преговори не е исто што и пристапувањето во ЕУ. Ова треба да биде признаено. Има два до три изборни циклуси помеѓу двата настани, а пристапувањето е алатка што е тука да ги помогне реформите. Ако го барате истото ниво на демократска зрелост како онаа што се бара за влез во ЕУ тогаш процесот нема смисла. изјавил Димитров презентирајки ги аргументите на Македонија со кои сака да ги убеди земјите членки кои се скептични за старт на преговори со земјата.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
