Loading Video...
Фудбал
14. December 2021 - 15:28
Струга ТЛ и Ренова го заокружија есенскиот дел во ПМФЛ
Во последниот натпревар од 18. коло во ПМФЛ, екипата на Струга Трим Лум славеше минимална победа над Ренова со 1-0.
Стрелец на единствениот гол на мечот и тоа во втората минута од судиското дополнение беше Дејан Светаноски.
Иако ги освоија трите бодови, Стружани остануваат на шестата позиција на табелата со 26 бодови, еден помалку од петто и шесто пласираните Реанова и Македонија ЃП.
Најубедливи во есенскиот дел беа фудбалерите на Шкупи кои собраа 42 бодови или седум повеќе од Академија Пандев, а осум од трето пласираната Шкендија, па според виденото во одиграните 18.коло се чини дека ова ќе биде и тројката на екипи кои во вториот дел од првенсфвото ќе се брат за шампионскиот трофеј.
ТАБЕЛА
1 ШКУПИ 42
2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 35 бодови
3 ШКЕНДИЈА 34
4 БРЕГАЛНИЦА 29
5 РЕНОВА 27
6 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 27
7 СТРУГА Т.Л. 26
8 РАБОТНИЧКИ 22
9 СКОПЈЕ 20
10 ТИКВЕШ 15
11 БОРЕЦ 12
12 ПЕЛИСТЕР 5
2 АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 35 бодови
3 ШКЕНДИЈА 34
4 БРЕГАЛНИЦА 29
5 РЕНОВА 27
6 МАКЕДОНИЈА Ѓ.П. 27
7 СТРУГА Т.Л. 26
8 РАБОТНИЧКИ 22
9 СКОПЈЕ 20
10 ТИКВЕШ 15
11 БОРЕЦ 12
12 ПЕЛИСТЕР 5
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->