Loading Video...
Фудбал
2. April 2022 - 19:47
Струга ТЛ со победa се враќа од Скопје
Фудбалерите на Струга Трим Лум продолжуваат со одличните игри против Работнички во Скопје каде славеа во првиот натпревар од викенд колото со 3-1.
Серијата голови на гостите ја започна Јахја уште во 13-тата минута по акцијата на Кочоски и Шабани.
На почетокот на вториот дел гостите зголемија на 2-0 од пенал кој успешно го реализира Шабани.
Свои минути имаа и домашните па Рашо во 61. Минута успеа да го врати Работнички во игра но само до 80-тата минута кога Џобе ги постави конечните 3-1 за гостите од Струга.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->