Струмица 2001 го совлада Пелистер во Супер кошаркарската лига

Кошаркарите на Струмица 2001 ја забележаа првата победа во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Во вториот обид, на домашен терен во салата „Парк“, струмичани го совладаа Пелистер со 84:69, во натпревар исполнет со големи резултатски промени и драматична завршница.
Битолчани подобро го отворија дуелот и во првите шест минути поведоа со 19:8. Во втората четвртина Струмица 2001 ја презеде иницијативата и во еден момент имаше водство и од 16 поени (40:24).
Пелистер неколкупати се доближи на само еден поен негатива, последен пат при резултат 68:67.
Сепак, во решавачките моменти домаќините одиграа одлично, додека гостите не успеаја да го искористат моментот за целосен пресврт.
Струмица 2001 направи неверојатна серија од 16:2 и ја претвори неизвесната завршница во убедлива победа од 84:69.
Резултати на другите дуели од второто коло: Работнички – Тиквеш Голден Игл 86:70, МКК Куманово – ГКК Штип 70:59, Кожув – МЗТ Скопје Аеродром 73:81, Струмица 2001 – Пелистер 84:69 и ТФТ – Скопје 102:98.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски се надева на конкретни резултати од преговорите за крај на војната до крајот на годината
-

Македонија сè попривлечна за туристите – над 136.000 посетители во септември, од нив речиси 28.000 од Турција
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
