Седница за опозициски прашања во Собранието

Собранието денеска ќе ја одржи 130. седница, на која пратенички прашања ќе поставуваат пратениците од опозицијата.
Пред пратениците во рамки на денешната собраниска седница се вкупно 15 точки. Пратениците ќе расправат по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост во второ читање, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), Предлог-одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.
На дневен ред се и Предлогот на одлуката за избор на членови на Советот за граѓански надзор, Предлог кандидатот за именување на член на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија, Предлогот на Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година, Предлогот на одлука за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија за 2027 година и Предлогот на резолуцијата за миграциската политика на Република Северна Македонија 2026-2030 година, со Акциски план.
Пратениците ќе расправат и за неколку предлог-закони кои се по скратена постапка - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување на Законот за рибарство и аквакултура, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за здравственото осигурување, Предлогот на автентично толкување на член 23 ставови (1) и (2) од Законот за урбанистичко планирање и Барањето за давање на автентичното толкување на членот 17 од Законот за пожарникарство, а во врка со членот 2 став (2) од Законот за безбедност и здравје при работа, поднесено од пратеникот Славјанка Петровска.
МИА
Ново на Сител
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Облачно и топло со утринска магла
-

Хет-трик на Стефан Ристиќ за голема победа на македонската репрезентација до 17 години над Унгарија
-

Андовски: Алта банка АД Битола ги исполнувала сите супервизорски стандарди пред воведувањето администрација
-

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување
-

Културата како мост за поврзување со Јапонија
-

Мицкоски: Ваква енергетска криза немало досега, но поскапувања на струјата кај нас ќе нема
-

Казино во Кичево фатено како краде струја – со уред од црниот пазар манипулирале броила и направиле штета од 44.000 евра
