Македонија
2. September 2022 - 12:39

Струмица добива нова детска градинка

Струмица го зголемува капацитетот за згрижување деца од предучилишна возраст. Новата детска градинка која може да прими 330 деца веќе е готова. Од општината велат дека обврските  кои се во нивна надлежност привршуваат, правниот субјект регистриран, а во моментов се асфалтира и новата улицата која води до самата градинка, единствено што се чека  се согласностите и одобренијата од министерствата за финансии и труд и социјала.

Новата детска градинка во Струмица се наоѓа на просторот од поранешната касарна и има вкупна корисна површина од околу  2.600  метри квадратни. Со нејзината реализација се очекува да се реши и  проблемот со недостаток од капацитети  за згрижување на најмладите,  со кој општината се соочуваше во изминатите неколку години.