Струмица најави мерки за справување со загадениот воздух
Пет основни училишта, две градинки и две општински институции ќе бидат гасифицирани. За таа намена од страна на владата веќе биле добиени средства во износ од над 4 милиони и 800 000 денари. Со средства од државниот буџет во висина од 5 милиони денари на гасоводната мрежа ќе биде приклучена општата болница со што се очекува значително намалување на ПМ 10 честичките. Ова се само дел одсетот мерки со кои општина Струмица ќе се бори со загадувањето на амбиенталниот воздух, а беа соопштени на прес конференција од страна на градоначалникот Коста Јаневски. Најави набавка на прочистувачи на воздух во пет училишта, но и проширување на гасоводната мрежа и субвенција од по 100 евра за новите приклучоци на гас. Во мерките спаѓаат и засилените контроли санкции за загадувач
,,Задолжени се сите оператори кои поседуваат Б интегрирана дозвола да пополнуваат дневник на емисии во амбиенталниот воздух од стационарни извори.
Ќе се вршат засилени инспекцииски контроли со почеток на грејната сезона на инсталации кои загадуваат и испуштаат емисии во воздухот согласно нивните елаборати за заштита на животната средина и мерките кои самите ги имат предложено и дали е реализирано.,, вели КОСТА ЈАНЕВСКИ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Од општината информираа дека инспекциските служби интензивно работат на терен и преземаат мерки за санкционирање на сите кои го загадуваат воздуот. Во текот на изминатиот период биле спроведени голем број контроли. За месец и половина биле изречени 15 казни, од нив дел се за правни, но имало и физички лица кои го загадувале воздухот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
