Македонија
30. April 2019 - 16:28

Струмица сака да се промовира како културно-историска туристичка дестинација

Преку креирање на интерактивна интернет апликација Струмица ќе се промовира како културно историска дестинација.  Се работи за проект преку кој треба да се искористи и стави во функција богатиот културно-историскиот капитал на регионот. Целта на проектот е унапредување на континенталниот туризам  со цел да воспостави социјален, економски и територијален одржлив развој со акцент за развој и унапредување на културниот туризам. Предвидената апликација во себе ќе ги содржи различните настани, развиени туристички патеки направени од стручни лица, туристички атракции, активни занаетчии и галерии на уметници, културни манифестации и фестивали, активности и места за разгледување во градот и околината. На самата веб апликација ќе бидат промовирани и две нови туристички патеки.

,, Еднната патека ќе биде за духовна традиција, кон патот на духовната традиција, 1000 години струмичка епархија, а другата патека ќе биде 7000 години цивилизација. Од праисторија до среден век. И тука на овие патеки ќе се постават информативните табли, ќе се направи маркирање.,, вели ЈАСМИНА ПИЈАНМАНОВА -  ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗДРЖЕНИЕ КУЛТ ТРАНЗЕН СТРУМИЦА

Освен промоција на културното наследство проектот предвидува и зајакнување на капацитетите на младите кои сакааат да се занимаваат со промоција на истото.

,, Преку обуки ќе се промовира културното наследство и ќе се обучуваат како да го презентираат. Значи кој сака да биде нели иден туристички водич на кој начин да ја прави презентацијата на тоа културно наследство.,, вели ПИЈАНМАНОВА

Проектот Струмица културно историска дестинација го реализира здружението Култ Транзен во соработка со завод и музеј Струмица. Финансиски е поддржан од Европската Унија преку Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан спроведувана од страна на  УНДП.