Струмица започна долгорочен проект за озеленување на околината на градот
Оголените површини во околината на Струмица во наредниот период ќе бидат претворени во зелени појаси. Општината започна долгорочен проект за озеленување, чија цел е подобрување на квалитетот на животната средина и создавање одржливо зелено наследство за идните генерации.
Според градоначалникот Петар Јанков, станува збор за сериозна и стратешка мерка насочена кон заштита од ерозија на критичните точки, како и кон уредување и ревитализација на површини кои со години биле запоставени. Тој потенцира дека со реализацијата на активностите директно се инвестира во почист воздух, поздрава животна средина и подобрување на урбаниот изглед на градот.
Проектот се спроведува во соработка со ЈП Македонски Шуми и подружницата Беласица Струмица, кои обезбедуваат стручна поддршка и координација на теренските активности. Акцијата ќе се реализира во повеќе фази и ќе опфати засадување на различни видови садници.
Во рамки на првата фаза од реализацијата на проектот, предвидено е засадување на над 20.000 садници од различни видови, при што ќе бидат опфатени повеќе локации во периферијата на градот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
