Македонија
13. April 2020 - 16:46

Стружани бараат да не се воведува забрана за влез и излез од Охрид

Кризниот штаб од Струга против барањето на Охрид за време на велигденските празници да се  воведе забрана за влез на жители од другите градови . Тие сметаат  дека граѓаните на двата крајезерски града треба непречено да се движат и  да ги почитуваат препораките на владата  за да се заштитат од ширење на корона вирусот.

Од Центарот за Јавно здравје велат дека потребно е во Охрид да има ограничено влегување и излегување бидејќи градот и во вакви услови е привлечен особено за Велигден.

Охриѓани на социјалните мрежи со подршка за ваквиот предлог кој според нив требало да се спроведе и порано бидејќи уште сега голем дел од викенд становите се полни со гости.

Ова се само дел од коментарите на граѓаните.

Инаку предложената мерка според охридскиот кризен штаб е неопходна бидејќи во градот и околните крајбрежни населби има голем број на викенд станови и куќи чии сопственици во периодот на Велигденските и првомајските празници, ги користат за одмор .