Стружани на протест побараа изградба на велосипедска патека на стариот пат Охрид - Струга
Подобрување на безбедноста во сообраќајот и изградба на велосипедски патеки побараа стружани на денешниот протест. Тие пред Општина Струга револтирани од последниот несреќен случај во кој загина 17-годишно момче додека возеше велосипед на стариот пат Охрид - Струга им порачаа на градските власти дека мора да превземат активности за да се намали бројот на несреќи.
Од „Велосипедскиот клуб“ од Струга бараат што е можно побрзо решавање на инфраструктурните проблеми со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат.
Стружани не застануваат тука доколку не се изнајде долготрајно решение тие најавија протести и во Охрид и на патниот правец Охрид – Струга.
Според податоците на СВР Охрид со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, во периодот од 05.03 до 08.03.2021 била спроведена засилена контрола на возачи и возила учесници во сообраќајот при што констатирале 136 прекршоци и тоа најчесто поради преголема брзина, разговор на мобилен телефон и возење под дејство на алкохол.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
