Студен бран со снег и силен јужен ветер, најобилни врнежи во западните делови

Минималните утрински температури се под нулата во повеќе места, со најниска измерена температура од -3 степени во Скопје-Петровец и Пожаране, соопшти утрово Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје-Зајчев Рид, Струмица, Гевгелија и Ѓуриште измерени се -2 степени, -1 во Куманово, Кавадарци, Велес, Тетово, Крива Паланка и Попова Шапка, 0 во Берово и Штип, 1 во Демир Капија и Виница, 2 во Mаврови Анови, Kрушево и Охрид, 4 во Претор и Битола и 5 степени во Прилеп и Тополчани.
Според податоците на УХМР за изминатите 24 часа, до седум часот утрово, во Крушево наврнале 25 литри дожд на метар квадратен, 20 во Маврови Анови, 17 во Охрид, 13 на Попова Шапка, 12 во Претор, 9 во Пожаране, 6 во Тетово, 5 во Прилеп, 4 во Битола, 2 во Тополчани, Кавадарци и Виница, како и 1 литар во Берово, Штип и Крива Паланка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно време, претпладне со повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, над 60 километри на час.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат само од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, при што висината на снежната покривка на планините ќе се зголеми за 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремени врнежи од дожд и снег, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат само од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
-

Медиуми: Трамп нарачува план за инвазија на Гренланд, воените претставници се спротивставуваат
-

ЦУК: Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава
-

ДИК: Излезност од 18,18 отсто до 15 часот на повторените избори во четири општини
-

Македонските ракометари попладнево летаат за Силкеборг
-

До 13 часот излезеноста 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
-

Тошковски оддаде почит на полициските херои по повод 26 години од нивната смрт
