Студенти од Србија тргнаа со велосипеди кон Стразбур за да информираат европски претставници за ситуацијата во државата
Студентите од Србија утрово со велосипеди тргнаа кон Стразбур, со цел да се обратат до Советот на Европа во врска со нивните барања и тоа што српските институции не одговараат на нив. Патувањето треба да трае околу 12 дена, а рутата е долга 1.300 километри.
Студентите ќе бидат придружувани од сообраќајната полиција, еден автомобил кој ќе биде пред нив и пејсмејкер – велосипедист кој го диктира темпото.
Многу странски и домашни медиуми ги испратија студентите.
Институциите до кои ќе се обратат студентите велосипедисти се Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.
Дијаспората ја поддржа иницијативата на српските студенти кои утрово заминаа за Стразбур, па во сите градови низ кои минуваат ќе се организира сместување во нивните куќи.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција
-
Тема на денот со Имер Селмани
-
Фетаи и Алиу со ново крило во ВРЕДИ
-
ВМРО-ДПМНЕ го одби повикот на Филипче за лидерска средба
-
Креативна дипломатија во Виена!?
-
И покрај зголемените казни, пиротехника користена во спортска сала
-
ЕУ со хуманитарна трка за Кочани