Студенти во Јужна Кореја препишувале со AI, министерот за образование поднесе оставка

Јужнокорејскиот министер за образование Чои Кјо-џин вчера поднесе оставка, преземајќи одговорност за конфузијата настаната поради мерките воведени во последен момент во обид да се спречи препишување со помош на вештачка интелигенција на исклучително важниот приемен испит за факултетите одржан минатата недела.
Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг ја прифати оставката во рок од еден час и наложи сеопфатна ревизија на спроведувањето на националните испити и поврзаните законски прописи.
Владата итно воведе построги ограничувања откако кандидатот со најдобар резултат на националниот испит за даночни сметководители призна дека до него дошол со препишување, користејќи минијатурна камера, паметен телефон и вештачка интелигенција.
За време на осумчасовниот испит, надлежните органи го ограничија пристапот до вај-фај (Wi-Fi) мрежата, на испитаниците им беа проверувани очилата и копчињата на облеката во потрага по скриени уреди, а беа издадени и предупредувања на национално ниво за откривање скриени мобилни телефони.
Испитот, кој игра клучна улога при уписот на најпрестижните универзитети во земјата, го полагаа повеќе од 550.000 ученици.
Чои призна дека недоволната подготовка и честите промени на правилата создале тешкотии за учениците и службените лица. Тој беше цел на критики и по изјавата дека, со оглед на неговата возраст, смета оти не би можел да препознае препишување со помош на вештачка интелигенција.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

Поради паузи не се одржа седницата за опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ бара утре да продолжи надзoрната расправа за Aлта банка
-

СДСМ поднесе кривична против гувернерот за Алта банка
-

Новата шефица на ОЈО ГОКК најавува поефикасен прогон, Алта банка е меѓу темите што се следат
